Во руската престолнина Москва стана јасна добитничката на титулата “Мис Русија 2016”. Круната ја освои Јана Доброволскаја од Тјумен. Круната, чија вредност е 1 милион долари и е украсена со бисери и дијаманти,и ја доби од рацете на минатогодишната победничка Софија Никитчук.
Најубавата девојка во Русија доби уште како награда 3 милиони рубљи, автомобил и најважно – можност да ја претстави својата земја на натпреварот “Мис на светот” и “Мис Универзум”
За круната се натпреваруваа 50 убавици.
Доброволскаја изјави по победата дека сонува да стане професионален педагог-кореограф и да едуцира идни шампиони. “Сонувам да успеам во животот, да станам одличен педагог, сонувам да воспитувам шампиони, да станам чуденса сопруга и да имам мои деца”, рече таа.
Јана е само на 18 години. Во текот на 12 години таа се занимавала со бални танци. Таа ги сака книгите и активните паузи, проучување детска психологија. “Идните планови ми се да го продолжам своето образование, учам во моментов за педагог-кореограф”, истакна таа.
Според неа, најтешко за време на натпреварот за неа беше да се справи со возбудата и “непотребни мисли”.
