DW: За Македонија веќе нема назад

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Домашните политичари одамнаа го изедоа „морковот“, па време е да добијат малку и од „стапот“. Време е за јасни и недвосмислени пораки и постапки од ЕУ и САД. Во прашање е иднината на земјата, посочува  Борис Георгиевски за DW.

0,,19189986_303,00

За Македонија, за нејзините граѓани, веќе нема назад. Она што до пред неколку денови или месеци се дефинираше како политичка криза, со амнестијата на претседателот Ѓорге Иванов и распишувањето на изборите од страна на собранискиот спикер Трајко Вељаноски, прерасна во битка за иднината на земјата.

Иднината на Македонија нема да се реши на изборите на 5 јуни. Надежта е дека нема да се одлучува ниту на улица. Тоа би било погубно сценарио за државата која е веќе на колена. Доколку и имаше некои дилеми по „бомбите“ на опозицијата, сега е јасно дека во Македонија институциите на правната држава се само продолжена рака на една длабоко корумпирана, криминализирана партиско-политичка елита. Дури и странските медиуми веќе немаат дилеми истата да ја прогласат за „криминална банда“. Списокот на Иванов само ги овековечи нивните имиња.

Политичката, институционалната и моралната криза во која е потоната Македонија бара сериозен напор од меѓународната заедница која изминативе години напати беше многу блиску до тоа да стане соучесник на авторитарниот режим. Повеќе не смее да има дилеми ни за ЕУ, ниту за САД.

Патетичните соопштенија на официјална Москва за кризата не треба никого да загрижуваат. Напротив. Русија со своето однесување само ѝ олеснува на домашната јавност, но уште поважно и на меѓународната заедница и на тамошната јавност полесно да дефинираат кој е кој во Македонија и уште пофокусирано да се работи на излезните решенија.

Единствениот ефект од соопштението на руското МНР е уривањето на пропагандата која низ САД ја ширеа лобистите на ВМРО-ДПМНЕ во обидите да ја прогласат опозицијата за проруска во нивните текстови платени од пари на македонските граѓани.

Целиот текст можете да го видите тука