Премногу време беше потрошено за да сите разберат дека единствената мисла што не обединува е:
СМРТ НА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
Сите кои тактизираа, мудруваа, неутрализираа, разводнуваа, паметуваа со дебилни изговори како: “не сум по политиките“, “не сум по партиите“, “мене радарот нема да ме фати“, “сите се исти“, “јас си ја бркам мојата работа“, “јас само пеам, глумам, пишувам и не ми е до политика“, треба само да ни се придружат на улиците и да станат вистински граѓани.
Ништо повеќе не е потребно како гест на каење. Во подоброто УТРЕ ќе разговараме за поуките од сета наша глупост, наивност, но и лакомост која им овозможи на кокошкари-бандити да ни ја окупираат земјата.
Кој колку ќе се срами од тоа каков бил до денес, а сега знае каков требал да биде, ќе му го препуштиме нему/неа. А, се надевам, барем секое утро кога ќе се погледнат во огледало ќе ја имаат таа тешка, но и лековита секунда на соочување со себе.
Секако дека еклатантните криминалци и соработници на окупаторот ќе завршат таму каде што им е местото.
Ѓунер Исмаил
фејсбук статус
