Иако денеска за првпат по донесувањето на одлуката на Иванов за општа аболиција на сите политички субјекти беше донесена одлука за пауза од протести, демонстрантите го искористија денот за да се координираат, повикаат на масовност и упатат силни пораки преку герила акција насочена кон спомениците -дел од проектот Скопје 2014.
“Повторно егзодус“, „Не се борев за ваква слобода“ и тупаницата која е симбол за отпор, се само дел од испишаните пораки низ центарот на Скопје.
Од утре продолжуваат протестите кои започнуваат во 18:00 часот пред канцелариите на СЈО.
