Три сценарија за кратење на грчкиот долг

од Vladimir Zorba
64 прегледи

 

 

 

Проблемот со долгот на Грција и очекуваната оценка на кредиторите за досега реализирани реформи во земјата ќе се решава во триаголникот Атина, Вашингтон и Амстердам, во следните две критичи седмици за грчката економија.баки грц

Владата на премиерот Алексис Ципрас се надева дека „досието Грција“ ќе биде позитивно на дневниот ред на преговорите со кредиторите најдоцна до Велигден и дека неформалната средба на Еврогрупата на 22 април ќе биде адутот кои натаму ќе ги трасира односите со институците во рамките на треата програма за спасување.

Ако преговорите со кредиторите во Атина постигнат некаков задоволителен напредок, тогаш може да се очекува дека на пролетната средба на ММФ и Светска банка во Вашингтон ќе биде поставен почетокот на првата дебата за преструктуирање на грчкиот долг.

Од таа гледна точка, доброто сценарио би било што по речиси три и пол години од крајот на 2012 година, кога тогашниот министер за финансии Јанис Стурнарас се договори со Европа да има дополнително кратење на грчкиот долг при определени услови, сега тоа прашање стои на дневниот ред и е можно за биде разгледувано за првпат со перспектива да се најде решение.

Извршниот дирекрот на ММФ, Кристин Лагард, појасни дека на дискусиите веќе не се зборува за „кратење“ на номиналната вредност на грчкиот долг.

Такво нешто би било идеално решение за Фондот со неговите 22,4 милијарди евра кредити доделени за Грција, но не и за Европејците кои во никој случај не би одобриле дополнително намалување на грчкиот долг.

Самата Меркел тоа го оцени како незаконско во рамките на еврозоната. Шојбле сепак спомена решение, но во никој случај за кратење на грчкиот долг.

Владата во Атина сега ја фокусира стратегијата во два правци: прво, да ги ограничи до најмала можност обврските кои треба да ги преземе во врска со бараните мерки кои ги бараат кредиторите, за да заврши првото иследување и второ, таа се обидува да обезбеди еден комплексен договор за долгот и тоа да се случи веднаш.

Од таа гледна точка, Грција се надева да договори со кредиторите се до 23 мај.

Што се однесува до долгпт, основа за решние е проектот изготвен од Европскиот механизам за стабилизација во летото 2015, во кое намалувањето на неговата номинална вредност е надвор од секој муабет.

Она што се бара е временското продолжување на гратис периодот и продолжување на рокот за гасење на европските заеми, како и евентуалните таван на годишните расходи по обврските од долгот.

Европејците веројатно ќе направат некои отстапки. Популарноста на Меркел опаѓа и тешко е таа да побара од Парламентот мерки за кратење на грчкиот долг, кои би биле со висока цена за германските даночни обрвзници.

ММФ нема да ги преструктуира своите кредити во висина од близу 22,4 милијарди евра кои се и најскапите што ги зела Грција во рамките на механизмот за поддршка.

Во таа смисла се исцртуваат три сценарија:

Првото е поврзано со продолжување на крајниот рок за европксите заеми.

Оваа варијанта предвидува преструктуирање преку кратење, иако мислењата за рокот се различни. Фондот би сакал подолгорочно распоредување на кредитие, на пример до 70 години, но прашањето е што е попривлечно за Европејците. Банкарите сметаат дека 50 години би можеле да бидат некаков прифатлив ориентир.

Во моментов, кредитите од Европејците се со гратис период и со долг рок на враќање. До 2023 година се оние по линијата на Европскиот фонд за финансиска стабилност, а до 2034 пак продолжувањето на оние по линијата од Европскиот механизам за стабилизација.

Можно е Европејците принципиелно да се согласат на понатамошно продолжување на рокот, а кредитите за Грција да се даваат на транши во услови кога земјата се соочува со конкретни мерки кои се бараат од неа.

Второто сценарио предвидува дополнително продолжување на гратис периодот по плаќање на каматите. Најверојатно е крајниот рок за каматите са биде продолжен за уште десет години.

Третото можно сценарио е поврзано со трансформирање на флуктуирачките камати во фиксни кредити./

 Имерисија – Атина