Даниел Кајмакоски и натаму цврсто гази по екс југословенската сцена. Белграѓани кои си припишуваат дека го откриле на сцената едноставно го обожаваат.
Тој пак и овојпат одлично се справи и со новиот предизвик во „Твоето лице звучи познато“. 32-годишниот македонски пејач влезе во улога на Џастин Бибер и го имитрираше неговиот настап од овогодишното доделување на „Brit Awards“.
Во седмата епизода од третата сезона, Кајмакоски прво ја изведе „Love Yourself“, а потоа повторно ја запали сцената со хитот „Sorry“ од популарниот пејач.
Во еден момент нему на сцената му се придружи Ана Кокиќ и заедно танцуваа забавувајќи ја публиката. Овациите не изостанаа а во салата ечече „ Даниеле те сакаме“
