Ахмети се сретна со холандскиот амбасадор Воутер Пломп

од Vladimir Zorba
191 прегледи
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г-дин Али Ахмети денес во седиштето на ДУИ во Тетово го пречека Амбасадорот на Холандија во Македонија, г-дин Воутер Пломп.
Претседателот Ахмети и Амбасадорот Пломп разговараа околу политичката криза во земјата и можностите за надминување на сериозната политичка ситуација.
foto1
Лидерот Ахмети повтори дека одлуката на Иванов е неприфатлива и треба веднаш да се повлече.
Демократската Унија за Интеграција останува посветена на спроведувањето на Договорот од Скопје, и смета дека оваа ситуација може да се реши само преку волјата на граѓаните изразена на слободни, демократски и веродостојни избори.
Земјата се соочува со тешки денови и тоа е одговорност на сите политички партии да се посветат за ставање крај на оваа криза која влијае на секојдневниот живот на граѓаните и Евро-атлантските аспирации на земјата.
Актуелната криза ги надминува географските граници на земјата, затоа одговорните лидери треба со отворени очи да ги следат случувањата и сериозно да се фатат за работа за излез од политичката криза во земјата.