Од размената на официјални изјави меѓу Пентагон и руското Министерство за одбрана за инцидентот над Балтикот стана јасно дека американскиот разузнавачки авион RC-135 е пресретнат од борбен Су-27, бидејќи се приближувал со голема брзина кон границата на Русија.

Според портпаролот на военото министерство во Москва генерал Игор Конашенков “при својата должност силите на ПВО открија и пресретнаа непозната воздушна цел”, по што биле подигнат под тревога ловци. Пентагон тоа го оцени како опасемн и ризичен маневар. Според воениот експерт и уредник на списанието. “Националнаја обрт” Игор Коротченко, рускиот пилот исполнил борбена наредба и му го затворил со крилата на авионот за “странски разузнавачки поглед врз територијата на татковината”.
“Познато е дека Американците со помош на радар се стремат да го пронајдат преместувањето на комплексите” Искандер “во Калининградската област. Техничката опрема на RC-135U му овозможува да води радиоелектронско разузнавање на длабочина до 500 километри. На таква височина, без да навлегува над територијата на странска земја, RC-135U е способен да детектира системи за врски на противвоздушната одбрана, како и информации за предислокацията на војниците, објаснува Коротченко.
Власта во Турција во шок од извештајот на Стејт департментот
На прашање од kp.ru дали маневарот на Су-27 значи опасно пресретнување, воениот експерт објаснува:
Не, тоа е дежурно претсретнување на ловец, чиј пилот добил воздушна цел која не одговара на барањето “свој-странски” и се движи по пат кој не се користи од страна на цивилната авијација. Нашиот борбенавион се приближи до Американецот,ја воспоставил визуелно државната припадност, типот, патен број и некое време го спроведувал на паралелен курс. Никакви опасни приближувања немало.
Коротченко појаснува и како Су-27 успеал да спречи RC-135U да ја исполни разузнавачката мисија.
Тоа се случило со прикачениот систем за радиоелектронска борба, вели тој. Затоа и Американците се дразнат толку затоа што RC-135U токму успеал да пролази до руската граница и да ги постави своите радари и антени и под носот му излегол рускиот борбен и му ја заслепил “скапата шпионски опрема. Потоа го исполнил летот и исчезнал во облаците, аи ги оставил навредените Американци да прават напор на уште еден разузнавачки лет, забележува kp.ru.