Интерсепт: ЦИА преку различни компании анализирала социјални мрежи

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Според документот до кој дојде американскиот сајт „Интерсепт“, чиј еден од основачите е близок соработник на Едвард Сноуден, новинарот Глен Гринволд, ЦИА инвестирала пари во повеќе фирми кои го анализираат Твитер и Инстаграм.

twitterBANNER

Гринволд, кој во 2014 доби Пулицерова награда за улогата која ја имал во откривањето на податоците на Сноуден за прислушувањето што го врши американската Агенција за национална безбедност (НСА), денес e еден од уредниците на „Интерсепт“.

Овој сајт објави документ од самитот на извршни директори што кон крајот на февруари во Сан Хозе го организираше инвестициската компанија „Ин-Ку-Тел“ за која „Интерсепт“ тврди дека припаѓа кон ЦИА.

Овој документ открива 38 досега непознати компании кои добиваат финансии од „Ин-Ку-Тел“, чиј најважен фокус е на следење информации од социјалните мрежи./МИА