Демонстрантите во овој момент фрлаат боја кон зградата на Министерството за култура за да го искажат својот револт од проектот „Скопје 2014“, а потоа ќе се упатат пред Владата на Република Македонија, информира Мета.
Демонстрантите фрлаат со боја кон Министерството за култура #протестирам #п pic.twitter.com/YOwcvixzsG
— META.mk (@meta_agency) April 18, 2016
Инаку, масовниот протест според пораките и маршрутата на движење на демонстрантите е посветен на „криминалниот проектот Скопје 2014“. Насобраните граѓани прво пред Собранието ги повторија своите барања и потсетија зошто протестираат додавајќи дека нема да престанат се додека не се исполнат нивните барања. Покрај добро познатите барања за оставка на претседателот Иванов и повлекување на одлуката за аболиција на 56 политичари, и формирање на техничка влада која што ќе ги спроведе препораките на Прибе за фер и демократски избори, демонстрантите побараа и формирање на Специјален суд за процесирање на обвиненијата на СЈО. Активистите и граѓаните порачаа дека во овие услови, преговори не доаѓаат во предвид, а доколку евентуално се случат, во нив мора да учествуваат и претставници на граѓанскиот сектор. – Не се жали Николај што ти ги чкртнале стиропорите, сега имаат поголема уметничка вредност. Кога ќе победиме за некој месец, година, ќе го излупиме „Скопје 2014“ и ќе ви го дадеме стиропорот во Идризово за да не ви биде досадно – рекоа активистите пред Собранието и побараа аплауз за полицајците, за кои рекоа дека секој ден ги носат од јужната граница. Од Собранието, граѓаните се упатија низ Порта „Македонија“ која повторно ја гаѓаа со јајца и боја, а потоа се собраа на плоштадот Македонија околу фонтаната во која истурија неколку кутии прашок за перење за симболично да порачаат дека ништо не го пере криминалот од проектот „Скопје 2014“. Инаку, вечерва и битолчани протестираа пред становите на градоначалникот Талески.Граѓаните под полициско обезбедување маршираат низ улицата Партизанска за да стигнат до зградата на улицата Бонде Скерлевски спроти клиничката болница каде живее Талески со семејството.
Протестите на битолчани од денеска добиваат „герила акција“ и како што велат граѓаните веќе нема да се најавуваат токму заради тоа што не сакаат да се судрат со полицијата ниту пак со оние кои протестираат контра нив.
/извор Мета
Битолчани на протести пред становите на градоначалникот Талески https://t.co/UjUWOlyt2G pic.twitter.com/bVE0GgPkhE
— META.mk (@meta_agency) April 18, 2016
