Демократскиот сојуз повикува на заедничка граѓанска платформа за разговорите во Виена.

ДС смета дека поканетите лидери на четирите партии не можат да ги застапуваат интересите на Македонија, поготово што меѓу нив е и водачот на владејачката партија, кој е помилуван за тешки кривични дела. Не сме сигурни дека граѓаните ќе прифатат решенија кои пред се ќе ги штитат личните и партиските интереси.
Поради сето ова, предлагаме да се усвои платформа со која ќе се штитат интересите на граѓаните и државата. Минимум барања би биле:
– свикување седница на Собранието.
– одложување на изборите.
– поништување на аболицијата.
– оставка на Ѓорге Иванов.
– поддршка на СЈО.
– формирање на посебен суски оддел кој ќе води постапка за кривични дела кои произлегуваат од прислушуваните разговори, и др.
Благодарение на Македонија месечниот миграциски поток е намален за 90 отсто
Во разговорите во Виена да се вклучат и претставници на граѓанскиот сектор, како и претставници од другите опозициски партии.
Протестите се шират насекаде и тие ќе бидат се помасовни се додека не се реализираат барањата на граѓаните.
Интегрален текст