Алијансата за позитивна Македонија (АПМ) ги поздравува напорите и најновата иницијатива на меѓународната заедница за одржување на лидерска средба во Виена и очекува како резултат на средбата да биде одлагање на изборите закажани за 5 јуни, за разумен рок се додека не се завршат сите обврски превземени од Договорот во Пржино.

Алијансата за позитивна Македонија апелира до сите парламентарни партии, да го потпишат барањето за отповикување (импичмент) на претседателот Иванов, доколку до петок не ги поништи одлуките за аболиција.
Средбата во Виена би требало да се искористи да партиите договорат и формирање на Специјален суд за обвиненијата што ќе произлезат од Специјалното јавно обвинителство, како и да сите партии дадат безрезервна поддршка на СЈО. Исто така АПМ смета дека до започнувањето на средбата во Виена и Уставниот суд треба да се произнесе т.е. да го отфрли барањето за испитување на уставноста на СЈО.