“Билд” открива дека терористи планираат напади на европски плажи, ЕВРОПОЛ ослабени поради Британија…

од desk3
114 прегледи

20160419.iphouvdsrvТерористи планираат да извршат напади на плажите на европските летувалишта ова лето, соопштува германското издание Bild. Џихадисти планираат да се маскираат како улични продавачи, а потоа да ги напаѓаат летувалците со автомати и експлозивни направи. Не е исклучено да поставуваат експлозивите и под лежалки на плажа. Германските власти добиле податоците за планирани напади од италијанските тајни служби. Тие за возврат располагаат со информациите од доверлив извор во Африка. Меѓу наводните цели на терористите Јужна Франција, туристичкиот регион во јужна Шпанија Коста дел Сол и италијанското крајбрежје.

Зошто продолжуваат да сакаат да живеат во Чернобил -зона на смртта?

Радикалите наведени во документот, најверојатно се од Сенегал и се членови на терористичката организација “Боко Харам”, која во пролетта минатата година се заколна во верност на “Исламска држава”.

zx450y250_2745691

Европската безбедност сепак највеќе ќе зависи од односот на В. Британија. Ако Велика Британија одлучи да ја напушти ЕУ, тоа ќе има сериозни последици во однос на безбедноста, изјави директорот на европската полициска агенција Европол, цитиран од “Ројтерс”.

“Ако биде изложен на ризик кој и да било дел од рамката за меѓународно полициска соработка и размена на разузнавачки информации, на кои Велика Британија сега се потпира, тоа несомнено може да има последици”, изјави “Ројтерс” Роб Вајнрајт.

“Сметам дека некои прилично сериозни последици за безбедноста се присутни и сега”, додаде тој.

“Под претпоставка дека ЕУ навистина обезбедува значителен дел од нашата безбедноста , тогаш дискусијата се префрла кон прашањето како да го ублажи потенцијалната загуба, па да се ограничат евентуални штети, истакна Вајнрајт.

На 23 јуни Британија треба да одлучи на референдум дали да остане во ЕУ.

Вајнрајт додаде дека не е убеден дека сите терористи одговорни за нападите во Париз и Брисел, се уапсени.

На 22 март при самоубиствени напади на аеродромот “Завентем” и во метро станица “Малбек” во белгиската престолнина загинаа 32 лица. Неколку месеци порано – на 13 ноември – во атентатите во Париз загинаа 130 лица.

“Не сум сосема убеден”, одговори директорот на Европол на прашањето дали сите организатори биле приведени. “Причината е дека имаме делумна разузнавачка слика точно кои учествувале и каде се наоѓаат”, додаде тој.

Говорејќи на маргините на конференција за безбедност во Лондон Вајнрајт рече дека не е убеден дека не се готват нови напади.