Модел за правна држава- внимавајте како  “поттикнувате омраза”!

од desk3
114 прегледи

Бегалците биле “скотови”, а политичката коректност – за во ѓубре. Истомислениците се популарни и во Германија. Поранешниот лидер на “Пегида” беше особено активен во навредувањето на бегалците. А денес тој се соочува со судот-пренесува DW.

0,,19064737_303,00

Обвинителството го обвинува Луц Бахман поради коментари објавени на “Фејсбук”. Во овие коментари тој ги нарекува бегалците “скотове”, “вошливци” и “просјаци”. Во рамките на процесот обвинителството најнапред треба да докаже дека токму Бахман ги постирал предметните навреди. Ако тоа навистина е така, тогаш може да се примени чл. 130 од Кривичниот законик – за поттикнување етничка омраза. Според обвинението, Бахман го допре човечкото достоинство на бегалците и свесно е предизвија нарушување на јавниот ред.

Во социјалните мрежи многу луѓе со некоја злорадост ги поздравуваат судските мерки против десниот популист.

DW:„Македонија на нозе, режимот на колена“

 

“Патриотските Европејци” на Бахман

Само околу еден месец по објавувањето на неговите постови во Дрезден се одржа првата демонстрација на движењето “Пегида”. Луц Бахман беше еден од основачите на оваа антиисламска група, чие полно име гласи: “Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот”. Следбениците на “Пегида” редовно протестираат против канцеларката Ангела Меркел и нејзината политика за бегалци. По Дрезден, демонстранти почнаа да излегуваат и во други германски градови. Во почетокот дрезденските собири на “Пегида” привлекуваа едвај неколку стотици луѓе, во врв им излегуваа на улица до 20 000, а денес бројот на демонстрантите е околу 2.000.

0,,18316444_401,00

Создавајќи ја “Пегида”, Луц Бахман очигледно правилно го оценил расположението на луѓето во Саксонија. Во соодветната група на “Фејсбук” многу корисници пишуваат пример дека на владата треба да и се покаже дека “луѓето ја отфрлаат политиката на политичка коректност”.

Токму со оваа задача се зафати Бахман. Покрај инкриминираните настапи, за кои станува збор, на “Фејсбук” тој поства слики на членови на Кук-Клукс-Клан и една своја слика во улогата на Адолф Хитлер. Сето ова очигледно се покажа премногу дури и за неговите другари од “Пегида”. “Ние категорично се разликуваме од овие постови. Тие не придонесуваат за зголемување на довербата кон “Пегида”, рече пред година тогашната портпаролката на движењето Кетрин Јортл. Самиот Бахман се повлече од функцијата во раководството на “Пегида” и изјави: “Експлицитно се извинувам на сите граѓани, кои се почувствувале погодени од моите постови.”

Поттикнување етничка омраза

Сегашниот процес против Бахман не е негов прв судир со законот. Во 1998 година тој беше осуден на четири години затвор заради 16 провални кражби, но успеа да се сокрие во Јужна Африка. Две години подоцна беше протеран оттаму поради неважечка виза, одлежа 14 месеци во затвор во Дрезден и беше ослободен со кауција. Во следните години Бахман неколку пати има нови средби со судот – поради поседување на кокаин и поради неплатена родителска алиментација. Но неговите најзаколнати следбеници очигледно не се загрижени ниту од криминално минато, ниту од сегашното дело.

За претходните злосторства Бахман беше ослободен предвреме со кауција, која уште не е привилегија, а сегашниот процес може да заврши со ефективна затворска казна. Бахман ќе биде третиран како повторник на кривичи дела, а тоа му ја влошува ситуацијата . Иако пресудата, која го загрозува, не е особено висока. За поттикнување етничка омраза германскиот закон предвидува казна затвор од три месеци до пет години. Во овој случај, сепак, поради ограничениот формат на процесот Бахман може да добие најмногу двегодишна казна.