Спасовски со телеграма НАРЕДИ да не се постапува по телеграмата на Чафков

од desk3
123 прегледи

spasovski cavkov

Во врска со телеграмата на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Чавков доставена до сите организациски единици во Министерството за внатрешни работи, ВЕ ИЗВЕСТУВАМ дека согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа (член 47 став 1), со работата на министерството раководи министерот, додека правата и обврските на дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи се уредени со измените на Законот за Владата на Република Македонија од 2015 година, според кои дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа и ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите.

telegrama

Чавков одбиен во име на МВР да протне потпишување список во ДИК

Согласно ова, уште еднаш ВЕ ИЗВЕСТУВАМ и Ви укажувам дека согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за внатрешни работи министерот е функционерот кој раководи со министерството за внатрешни работи поради што НАРЕДУВАМ од Ваша страна да не се преземаат никакви конкретни и поединечни дејствија, а уште помалку постапување по Телеграмата Бр.08.1-472 од 19.04.2016 година на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Чавков.