Рускиот државјанин Александар Панин обвинет дека со вирус заразил 50 милиони компјутери за да украде податоци за банкарски сметки е осуден на девет години затвор. 
Панин беше обвинет дека го направил вирусот СпајАј и го продавал на кибер криминални форуми. Осуден е во Атланта во САД.
Рускиот хакер информациите за банкарските сметки ги продавал на интернет криминалци по цени од 1.000 до 8.500 долари.
Вториот осуден Хамзи Бенделајд кој користел интернет прекар Бх1 доби 15 години затвор. Со таа програма хакери успеале да украдат над 70 милиони долари од европски компании.