Интел отпушта 12 илјади вработени поради реструктуирање на работењето

од Vladimir Zorba
109 прегледи

 

Американската технолошка компанија Интел ќе отпушти до 12 илјади вработени ширум светот во обидите за реорганизација на работењето и намалување на зависноста од проблематичниот пазар на персонални компјутери, соопшти компанијата. FotorCreated

До средината на 2017 година, со реструктуирањето ќе биде елиминирана околу 11 отсто од работната сила на Интел, а целта е да се забрза „еволуцијата на ПС компанија од компанија, која произведува милијарди паметни уреди поврзани со компјутерите“, се наведува во соопштението на оваа групација со седиште во Калифорнија.

Отпуштањето, како што е соопштено ќе биде реализирано преку комбинација на доброволни и принудни откази.

За покривање на трошоците за намалување на бројот на вработените, Интел ќе издвои 1,2 милијарди долари, а од оваа програма се очекува заштеда од 750 милиони долари во 2016 година и 1,4 милијард долари за заштеда до средината на 2017 година