Започна бесплатна мобилна апликација за уметност Shazam for Art

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Компанијата Магнус Реш официјално го најави лансирањето на нова мобилна апликација за светот на уметноста, соопштува сајтот Artprice.4774769

Апликацијата работи како “Shazam”. Корисниците прават фотографија на уметнички дела и апликацијата ги “враќа” сите детали, вклучувајќи и цените. За прв пат во историјата на уметноста базата на податоци со цени од галерии и аукциските куќи е достапна бесплатно.

Апликацијата може да се повлече од App Store на Apple. Клучна карактеристика на Магнус е најголемата база на податоци на цени во светот за современа уметност, која се состои од цени од примарниот пазар, како и цените на секундарниот пазар.

За прв пат во историјата на уметноста, информацијата е достапна за сите.

Апликацијата црпи богата база на податоци од години засилен труд, софистицирана технологија, и краудсорсинг. Магнус ги комбинира примарните пазарни цени со цените од аукции од над 1000 аукциски куќи кои датираат од 1901 година.

Во текот на неколку години внатрешните членови додавале дела и цени од уметнички галерии ширум светот со помош на апликацијата. Со официјалниот јавен почеток, се очекува базата на податоци да се зголеми уште повеќе. Друга клучна карактеристика е дека Магнус користи технологија за препознавање на слики, за да се направи употребата на апликацијата поедноставна. Слично на Shazam- функцијата им овозможува на корисниците да прават фотографија на секоја слика.