Сини јајца со златни капки за Велигден

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Бојадисувањето јајца е не само традиција за Велигден – тоа може да е вистинска забава и креативна професија!97b8d09b8ea386ff37bd3a7f6f1f5e9c

Ако досегашните традиционални начини за боење на јајца ви се здодеани – пробајте нешто ново !

Ви нудиме идеја за небесносините јајца со златни капки по нив!b4a8a215fb487e5d4bae0dba10ab4067

Што ви треба за да си ги направите:
Јајца
Сина боја за јајца
Стара четка за заби или за цртање
Златна кондиторска боја

Ставете ги јајцата во длабока тава . Покријте ги со вода, додадете 1-2 лажици оцет и варете на тивок оган малку подолго од вообичаеното.7928accf9fdb5dbddf726dc4678368c6

Додека се топли ставете ги јајцата во сината боја, која претходно сте ја раствориле. Бојадисувајте ги до добивање на саканата боја. Можете да експериментирате и да ги бојадисате омбре со вртење на јајцата од време на време, за да не ја фати бојата рамномерно по целата школка.

Извадете ги јајцата врз кујнска хартија. Почекајте да се исушат. Потоа потопете ja четката во Златнa боја и започнете да гi прскаtе јајцата со неа, па да се добијат златни точки на нив.1b91fb0169604c11a119786587ba7ea4

Интересно, лесно и забавно! На децата ќе им се допаѓа овој метод за бојадисување на јајца ! Направете го Велигден уште попријатен и сплотувачки празник за целото семејство со нови идеи!