Сите знаеме како изгледаше куќата на Чарли Шин (последователно на Ештон Катчер) во серијата “Два и пол мажи”. Па, оваа на актерот Џон Касак е вистинскиот прототип.
Домот на Џон се наоѓа на плажа во Малибу, а неодамна тој ја објави во продажба за сума од 13 милиони американски долари.
Станот на 49-годишниот актер, продуцент и сценарист, познат со филмовите “Тенка црвена линија”, “Контролна кула” и “Миленикот на Америка” е решена во шпански стил и располага со спектакуларен поглед на крајбрежјето.
Куќата е со површина 466 квадратни метри и е на три ката. Главниот стан располага со камин, голема бања, балкон и канцелариски простор. На вториот кат има три спални, а на приземјето ниво има сауна, бања и директен пристап до плажа.
Куќата е изградена во 1974 година, а самиот Џон ја стекнува во 1999 година за сума од 2,1 милиони долари.
Касак никогаш не се жени и нема деца, иако имаше долги врски со актерките Нив Кембел, Алисон Иствуд, Ребека Ромејн и Мини Драјвер. Тој е брат на актерката Џоан Касак.
Видете ги сликите на куќата на актерот во галеријата.
Фото: outnow.ch