Кабинет на претседателот Иванов: Шилегов ќе мора своите тврдења да ги докаже на суд

од desk3
89 прегледи

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија остро реагира на денешната изјава на партискиот портпарол на СДСМ Петре Шилегов и ги демантира, како што наведуваат, изнесените лаги.

BELGIUM-EU-FUELE-IVANOV

– Сметаме дека обидот преку лаги и манипулации да се претстави семејството на претседателот Иванов како дел од криминална банда е крајно недолично и неодговорно однесување на една политичка партија. Ја повикуваме политичката партија СДСМ веднаш да го објави секој трансфер на пари преку таа фирма и да ги соопшти сите кои биле вклучени во било што на таа фирма, која патем е основана во Скопје и никогаш не проработела. Во спротивно, Шилегов ќе мора своите тврдења да ги докаже на суд. Фирмата „Делфино травел Балканс“ е основана во 2009 година во Скопје со сметка во ТТК Банка во Скопје и е избришана од Централен регистар во 2015 година, согласно Законот за трговски друштва чл.552-б, се наведува во реакцијата од Кабинетот на претседателот Иванов. /MИА