Претседателот на САД Барак Обама ја исклучи можноста во Сирија да бидат испратени американски копнени сили и истакна дека само воени дејствија не можат да ги решат проблемите во земјата.
“Ќе биде грешка за САД или за Велика Британија да испратат копнени сили и да го соборат режимот на Асад”, рече Обама во интервју за ББЦ, објавено во неделата.
Американскиот претседател беше во тридневна посета на Лондон, каде замина за дводневна посета на Германија, каде подоцна во текот на денот ќе го отвори Хановерскиот саем.
Обама не очекува терористичката група “Исламска држава” да биде поразена во преостанатите девет месеци од неговиот мандат. “Можеме само да обиколиме регионот во кој делуваат”, рече тој. Според него Сирија е “критична ситуација со исклучителна комплексност”, за која едвај има едноставни решенија.
“За да се решат долгорочните проблеми во Сирија, само военото решение не е доволно, дефинитивно не и распоредување на копнени сили”, истакна тој.
Коалицијата предводена од САД ќе продолжи да нанесува удари по цели на ИД во места како Ракка и ќе се обиде да ги изолира оние делови од земјата, како и да гблокира области, кои праќаат странски борци во Европа. Меѓународната заедница треба да изврши притисок врз сите земји, вклучувајќи ја и Русија, Иран и умерени опозициски групи “да седнат на маса и да се обидат да договорат преоден период”, истакна американскиот претседател.
Тој изрази надеж дека успеал да влијае на одлуките на некои британски избирачи како да гласаат на референдумот за членство на земјата во ЕУ. Во Лондон Обама на неколку пати отворено зборуваше во поддршка на останувањето на Британија во ЕУ.
На крајот на посетата тој објасни дека според него за “обичните гласачи” беше важно да слушнат што има да каже на оваа тема претседателот на САД, кој ” ги сака Британците” и многу држи за добрите односи меѓу двете земји.
Магија, окултизмот и езотеријата во служба на Хитлер
Во исто време Обама изјави дека соработката меѓу разузнавање на САД и Британија нема да настрада, ако дојде до Брекзит. Нашите разузнавачки служби, нашите војници работат во многу тесна соработка и тоа нема да се промени, увери Обама, но веднаш додаде дека ако дојде до излез на Велика Британија од ЕУ, тоа ќе се одрази лошо на земјата, која ќе има помалку влијание во Европа, а како последица – и на глобално ниво.
Тој предупреди дека при Брекзит на Велика Британија може да бидат потребни меѓу 5 и 10 години, за да договори трговски договор со САД, бидејќи нема да добие привилегиран третман во однос на ЕУ, кога ќе седат на масата за преговори за нов трговски договор.
Подоцна тој слета во Хановер, каде со канцеларката Ангела Меркел ќе го отворат познатиот саем, а подоцна ќе вечераат во палатата од ХVІІ век Херенхаузен
Во понеделникот Обама, Меркел и лидерите на Велика Британија, Франција и Италија ќе се соберат во палатата за мини самит, на кој ќе разговараат за светските проблеми.
Над 60 проценти од Германците жалат дека Обама не може да се кандидира за трет мандат, покажува објавен анкета во неделата во весникот. “Билд ам Зонтаг” на социолошката агенција “Емнид”, цитирана од агенциите.
Анкетата покажува дека 34 проценти од анкетираните не чувствуваат никакво жалење дека доаѓа крајот на управувањето на Обама. Педесет и еден отсто од Германците сметаат дека Обама заслужено ја добил Нобеловата награда за мир во 2009 година
