Кина планира да испрати марсоход на Црвената планета, последниот чекор на амбициозната вселенска програма на земјата.
“Властите ја одобрија мисијата во јануари”, објавија од Националната вселенска администрација во Пекинг. Целта е мисијата да започне околу 2020 г. Научниците го определија планот како “предизвик”, што ќе биде “огромен скок” за вселенската историја и можности на земјата.
“Сакаме да прошетаме, да се качиме и поставиме техника на Марс во една единствена мисија, што нема да биде воопшто лесно да се постигне”, објавија официјални лица.
Кина фрла милијарди во својата вселенска програма, во обид да ги стигне САД и Европа, но за Марс беше надминат од соседна Индија, која испрати сонда во орбитата на планетата во септември 2014 година. Со својата нова мисија Кина сака да ја изучи почвата, атмосферата и како целина средината на планетата, и да бара траги од вода.
“Истражувајќи го тоа, ние всушност ќе го истражиме човештвото и потеклото на животот”, сметаат научниците, според кои мисијата на Марс ѝ овозможува на Кина да се впушти навистина во истражувањето на Deep Space.