Величковски: Полицијата не може да биде полиција на Чавков, туку на граѓаните

од desk3
108 прегледи

По повод приведувањето на Здравко Савевски, претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, ја даде следната изјава: – Кога криминалците се аболицираат, а оние што протестираат против неправдата завршуваат на информативни разговори, немаме право да останеме неми.

Ivon-Velickovski-foto-4-190x122

Вечерва сум на протест. Ќе бидам и ќе бидеме заедно со секој што мисли слободно, со секој што се чувствува либерал, со секој што ја сака граѓанска Република Македонија. Ве повикувам да бидеме заедно, не затоа што така вели Либералната партија, туку затоа што така треба. Полицијата не може да биде полиција на Чавков, туку на граѓаните. Обвинителството не може да биде на Зврлевски, туку на Република Македонија. Се гледаме во 18 часот пред СЈО.