30 години од нуклеарната хаварија во Чернобил

од Vladimir Zorba
209 прегледи

На 26 април 1986 година во 01:23 часот во Чернобил експлодира реакторот №4 .

Chernobyl-6
Денеска се навршуваат 30 години од нуклеарната хаварија во Чернобил. На 26 април 1986 година во 01:23 часот Чернобилексплодира  реактор №4 . Светот станува сведок на најтешката нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото. Експлозијата распалува оган кој гори во тек на 10 дена. Околу 300 илјади луѓе се принудени да ги напуштат своите домови. Во меѓувреме Северна Европа е опсипана од радиоактивни материјали. При експлозијата загинуават две лица. Но инцидентот нанесува незамисливо тешки штета на луѓето кои се раѓаат тие денови и месеци, па дури и неколку години подоцна.цер

Според извештајот на “Гринпис” од 2006 година, Чернобил катастрофа доведе до над четвртина милион случаи на рак, од кои речиси 100 илјади се покажаа фатални. Во 2011 година, Сојузот на загрижените научници – невладина организација, претпостави дека бројот на смртни случаи како последица на Чернобил ќе се движи околу 25 илјади – шест пати над прогнозата на ОН. А според Меѓународната агенција за канцерозни истражувања, инцидентот ќе потрае во  животот на 16 илјади Европејци до 2065 година Инцидентот во северна Украина е комбинација од дефектен дизајн и оперативна грешка, кои создаваат смртоносен радиоактивен облак. Реакторите на Чернобил Козлодуј се запрени, а подоцна и извадени од употреба. №4 е заграден со нестабилен бетонски кожурец. Во 2015 година меѓународни донатори собраа дополнителни 180 милиони. Евра за да финансираат нов саркофаг за нуклеарната централа во Чернобил.Но се тоа сеуште не е завршено и трае.