Фејсбук развива нова апликација за споделување фотографии и видео

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Социјалната мрежа “Фејсбук” развива апликација за обработка на слики и видео и нивното споделување, пишува весникот “Волстрит џурнал”.

facebook_video_demo_3x2Според негови извори во проектот учествуваат британски научници. Тие работат на програма за споделување на видео на интернет. Развојот на апликацијата е во почетна фаза, а нема гаранции дека работата на истата ќе биде завршена.

Новата програма не цели да ја замени услугата за споделување на фотографии “Инстаграм”, која “Фејсбук” ја купи во 2012 година за 1 милијарда долари. Дури напротив, идејата е да се зголеми популарноста на услугата. Според податоците на весникот раководството на социјалната мрежа станува загрижено дека корисниците на сајтот за социјално вмрежување стануваат пасивни.

Многумина од нив влегуваат во мрежата секој ден, па дури и неколку пати на ден, но објавуваат ретко. Претставници на компанијата одбија да ги коментираат плановите. Месечната публика на “Фејсбук” достигна 1,6 милијарди корисници од целиот свет.