Обединети за Македонија го осудуваат политичкиот прогон на активисти кои се дел од протестите против кои се покренати кривични постапки, меѓу кои се наоѓаат и претставници на политички партии кои, како што се наведува, се борат против оваа недемократска диктаторска власт на која деновите до заминување и се одбројани.
„Претседателот на Обединeти за Македонија господинот Љубе Бошкоски реваншизмот на власта претворен во тoртура сè уште го преживува во занданите во Идризово. Веруваме дека во корумпираното и партизирано судство има некој се уште не извалкан, судија со образ кој нема да го помага политичкиот прогон од страна на власта кон неистомислениците. Граѓаните јасно порачуваат вистинските криминалци и насилници слободно се шетаат по улиците, а оние кои се борат правдата да биде задоволена и секој кој се огрешил од законот да одговара се притвораат со цел загушување на барањето на правда и слобода ова нема да помине некој не може да го загуши доаѓањето на слободата која силно ќе светне над Македонија“, се наведува во соопштението.
