Пред Министерството за култура, денеска, музичарите, членови на Синдикатот на култура на РМ, свиреја раштимувана музика, со што го искажаа својот став за тоа каква е состојбата во културата-јави А1он
Стотина уметници и вработени во институциите од култура, членови на 20 организации на Синдикатот на култура, носеа транспаренти со слика на Богородица Перивлепта со фластер на устата, на нив пишваше “Деконтаминација на култрата“, „Музеите не се дупка за глувци“, „Нашите плати – трагедија“.
Под мотото „Културата не ви ја трпи тортурата“, Синдикатот протестираше против измените во Законот за културата, ниските плати, недонесувањето на нов колективен договор за културата повеќе од 10 години, ангажмани на вработените во културата надвор од матичните установи без соодветни дневници, неисплатувањето на други, со закон, оределени надоместоци. Тие протестираа и против притисоците на кои се изложени на нивните работни места.
Повеќе ТУКА
