Автомобилскиот производителот “Мицубиши Моторс” призна дека во текот на 25 години од 1991 година ги фалсификува тестовите за потрошувачка на гориво при произведените модели.
Ова го соопшти компанијата за време на прес-конференција во Токио. На 20 април избувна скандалот со јапонската корпорација која ги заобиколувала правилата снижувајќи ја потрошувачката на гориво. Според првичните податоци, таа снижувана помеѓу 5 и 10%. Досега десетици модели се дел од шемата, вклучувајќи го “Паџеро” и малолитражната серија И-кеј.
Точната листа со сите засегнати автомобили сè уште не е позната. Според експертите над 2 милиони автомобила се со неточна техничка документација. Корпорацијата може да почне да плаќа компензација на сите купувачи на овие автомобили, јавуваат медиумите. Сумата ќе се пресметува врз основа на дополнително потрошен бензин во текот на годините на експлоатација.