Естонски хакер осуден во САД на седум години затвор за кибер напади

од Vladimir Zorba
91 прегледи

 

Естонски бизнисмен беше осуден од судот во Њујорк на седум години затвор за улогата во кибер напади, кои засегнале милиони компјутери во над сто држави, јави ТАСС.хакер

Естонскиот државјанин Владимир Чашчин (35), веќе одлежал пет години од пресудата. Според обвинителството, групата во која тој припаѓал, содржела најмалку седум лица. Тие украле околу 14 милиони долари преку кибер напади врз четири милиони компјутери во над сто држави.

Околу 500.000 од тие компјутери биле во САД. Некои од нив припаѓале на НАСА.

Заразени со вируси биле и компјутери на училишни установи, НВО и трговски фирми, како и на физички лица.

Компјутерите биле заразени со софтвер, што ја блокирал антивирусната заштита и ги препраќал корисниците кон други сајтови