Германските “русофили”

од desk3
79 прегледи

Ја финансира ли Русија “Алтернатива за Германија”? За тоа докази нема. Загрижувачки е сепак фактот дека Кремљ го користи неискуството на германските десни популисти, пишува германскиот печат-пишува DW.

0,,19008523_303,00

Деснопопулистката партија “Алтернатива за Германија” воспоставува контакти со Москва, пишува списанието “Шпигел”. Изданието открило дека “германската евроскептична и антинатовска партија излегува како органски сојузник за Москва.” Пред неколку дена и младинските организации на “Алтернатива за Германија” и пропутиновата партија “Млада гарда” склучиле договор за соработка, станува јасно од публикацијата.

Александар Гауланд, еден од основачите на германската деснопопулистка партија и денешниот нејзин потпретседател, никогаш не ги криел симпатиите кон Русија. Во меѓувреме членови на “Алтернатива за Германија” веќе посетуваат конференции организирани од истомисленици на Путин. Покрај тоа, тие соработуваат и со крајнодесничарски формации како францускиот “Национален фронт” и австриската “Партија на слободата”.
Кратка прошетка до Крим

Веќе е познато дека во јуни во Потсдам ќе се одржи заедничка конференција на “Алтернатива за Германија” и руската амбасада во Берлин. Во средината на април, пак, европратеникот од истата партија Маркус Претцел беше почесен гостин на Јалтанскиот меѓународен економски форум. Неколку дена пред тоа тој беше исклучен од фракцијата “Европски конзервативци и реформисти” во Европарламентот – поради неговиот повик да се користи огнено оружје против бегалците. А заедно со него за Јалта замина 25-годишниот лидер на младинската организација на “Алтернатива за Германија” Маркус Фронмајер.

Присуството на Претцел на предметниот економски форум требаше да покаже дека Русија не е изолирана меѓународно. Европратеникот од Германија изјави дека германскиот народ е заинтересиран за одржување на добри односи со Русите, па дури и се залагаат за неодамнешно симнување на санкциите. За прошетката на Претцел до Крим знаел и Александар Гауланд. Тој дури му посакал успех на сопартиецот. “Крим и предходно припаѓал кон Русија, како и сега повторно е дел од неа. Никогаш повеќе полуостровот нема да биде украински”, го цитираше “Шпигел”. “Затоа и Германија треба да го признае”, рекол уште заменик-претседателот на “Алтернатива за Германија”.

 

Благодарение на овој човек ИД од нафтата заработува милион долари дневно

Не така смета украинскиот амбасадор во Германија Андреј Мелник. Тој ги обвини Претцел и Фронмајер дека патувале до Крим без дозвола на украинските власти. Пред “Шпигел” украинскиот дипломат го дефинира тоа како сериозно прекршување. Во оваа врска Мелник поднел до Министерството за надворешни работи во Берлин протестна нота. Во документот тој инсистира на преземање на сите можни чекори за спречување на слични прекршувања во иднина. Можно е како резултат на тоа двајцата претставници на “Алтернатива за Германија” да добијат петодишна забрана за влез на украинска територија, наведува “Шпигел”.

Засега нема докази дека германската партија се финансира од Русија. Но, фактот дека Кремљ го користи за своите цели политичката неискуство на германските десни популисти буди загриженост. “Всушност многу од симпатизерите на Русија им се допаѓа и” Алтернатива за Германија “или дури членуваат во оваа партија, која е почетник на надворешно-политичката сцена. Очигледно сега таа одлучила да си поигра на глобална политика, без да се сомнева дека на овој начин прави услуга на Кремљ “, коментира весникот.
Русија – јаболко на раздорот?

Ова важи особено за младинската нејзина организација “Млада алтернатива”. Уште во 2014 членови од провинцијата Долна Саксонија се сретнале со високи претставници на руската амбасада во Германија. Лидерот на младинската организација Маркус Фронмајер повеќепати посетувал земји кои го сметаат НАТО за агресор, а Русија – за “последен гарант на мирот”. Во октомври 2014 тој учествува во свеченостите во Белград по повод 70-годишнината од ослободувањето на поранешна Југославија од нацистичката окупација.

На 19 април двајцата шефови на “Млада алтернатива” – Маркус Фронмајер и Свен Тишлер – разговарале на чаша пиво во Берлин со пратеникот од руската Државна збор и член на раководството на “Единствена Русија” Роберт Шлегел. Токму на оваа средба било договорена соработка меѓу младинските организација на партијата на Путин и на “Алтернатива за Германија”.

Сепак далеку не на сите членови на германската деснопопулистка партија им се допаѓа идејата за соработка со Москва. На претстојниот кон крајот на април партиски конгрес во Штутгарт се очекува токму надворешната политика да се претвори во јаболко на раздорот. Алис Вајда од во раководството на “Алтернатива за Германија” ја смета за многу еднострана таква надворешно-политичка стратегија која се залага главно на односите со Русија. Сепак претседателката на партијата Фрауке Петри инсистира во Европарламентот “Алтернатива за Германија” да соработува со оние политички сили кои се критички настроени кон ЕУ и традиционално ја поддржуваат политиката на Кремљ, пишува уште списание “Шпигел”.