Сијамски близнаци со две тела, но со една глава и едно лице се родија во индискиот град Раџкот. Мајката на бебињата кои живееле само шест минути, дознала за патологијата, кога била во седмиот месец на бременоста, пишува The Daily Mail.Лекарите очекувале новороденчињата да не живеат многу, бидејќи сијамски близнаци често се појавуваат на виделина живи или умираат многу наскоро по раѓањето. Откако дознале каков необичен плод се наоѓа во утробата на мајката, тие и направиле царски рез, за да го спасат нејзиниот живот.
Специјалистите се категорични дека дури и децата да преживеале, не постоел начин тие да бидат поделени, бидејќи имале еден мозок.
Родителите ги оставиле децата за истражување во државниот медицински колеџ.
