Погребалниот сервис „Бутел“ го изнесе телото на сопственикот на порталот Нетпрес, Коста Крпач од станот ул. „Иво Лола Рибар„ во центарот на Скопје, кој наводно се самоубил. Полицијата го нашла телото со прострелна рана во градниот кош. Според првичните информации со кои располага полицијата прво било јавено дека од станот на Крпач било пукано во паркирано комбе на спротивниот паркинг. Во комбето завршиле три куршуми, а потоа лицето наводно се самоубило.
Коста Крпач беше интересен за јавноста отако претседателот Иванов ја објави аболицијата. Неговото име прво од листата од тројца помилувани, а зад него се Владислав Стајковиќ и Христијан Панев. Од СЈО до денеска нема информација дали имало предистражна постапка за Крпач. Но, трите имиња на овој список на Иванов се поврзуваат со бомбата број 15, односно со набавката и митото за израелската опрема за прислушување. Крпач е директор на фирмата Финзи на која легнувале пари за зделката со израелската опрема, а која исто така се води како сопственик на агенцијата Нетпрес./ видео а1он
https://youtu.be/GGiszA3I0SE
