(ВИДЕО) Граѓаните се движат кон Собранието: „Нема правда, нема мир“- „Грујо отчет пред судот

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Со извици на „Нема правда, нема мир“ и свирежи започна протестниот марш во Скопје. Граѓаните се упатија кон Собранието на Република Македонија.

protes1

Демонстрантите традиционано протестот го почнаа пред просториите на Специјалното јавно обвинителство.Со себе носат транспаренти на кои пишува „Грујо отчет пред судот“. Граѓаните веќе 14 ти ден протестираат по одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари и нивни соработници.

Движењето Протестирам најави дека протестите денеска продолжуваат во рекорден број градови – девет, ширум Македонија. Освен во Скопје, за вечерва најавени се протести и во Велес, Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп, Радовиш и Струмица.

-Македонија е на нозе, се гледаме на улиците! – порачаа од граѓанската платформа „Протестирам”.