“Надмудрување на глувците со мачката”- како Турција, Украина и Грузија да сработат се, а ЕУ да ги контролира…!

од desk3
80 прегледи

Владите на земјите членки на ЕУ, кои планираат да склучат договори со Турција, Украина и Грузија за безвизен режим, сега размислуваат нова политика, која ќе им овозможи брзо да ги суспендираат и дури да поништат овие аранжмани по потреба. Ова се наведува во француско-германски документ, цитиран од весникот. “Волстрит џурнал”.

5797704a915d33d95386513da4f6b135

Владите од ЕУ ќе донесат наскоро одлука дали да се воведе безвизен режим во момент кога многу Европејци се загрижени од масовната миграција. Евентуален договор со трите држави ќе значи дека живеат во нив вкупно над 120 милиони луѓе ќе можат слободно да влегуваат во ЕУ без визи.

Закана! Путин удри по масата заради аферата со космодромот

Високи претставници на земјите членки ќе разговараат на состанокот во Брисел за визните договори и какви заштитни механизми можат да бидат прифатени. Пред денешната средба двете највлијателни држави во ЕУ Франција и Германија направија неколку предлози, врз основа на кои да започнат дискусиите.

0000300924-article2

Колку посилен заштитен механизам биде создаден, толку поверојатно е земјите членки да дадат одобрение. Од друга страна, механизам кој обезбедува лесна можност за укинување на безвизниот договори, може да предизвика незадоволство на Украина, Турција и други, истакнува “Волстрит џурнал”.

Еден од предлозите во документот е ЕУ да може автоматски и за постојано да може да отстрани една земја од листата на држави, за чии граѓани имаат безвизен режим, ако таа го наруши договорот.

60-_VISAS

Штом биде потпишан договор со Турција, Украина или Грузија, Европската комисија ќе треба редовно да изготвува извештаи дали дадената земја ги исполнува условите за безвизно патување. Главните критериуми за тоа се ефикасност во борбата против корупцијата, организираниот криминал, фалсификувањето на документи, нелегалното преминување на граници и тоа дали земјата соработува за реадмисијата на илегални мигранти, се наведува во документот.