СДСМ: Дали според Богов и НБРМ стабилен е курсот на денарот?

од desk3
84 прегледи

 

Гувернерот Богов веднаш да престане да се крие зад банките. Безобразно е Богов на банките да ја префрлува одговорноста за стабилноста на депозитите на граѓаните.

Ако граѓаните сакаат да дознаат што мислат банките за стабилноста на нивните депозити, ќе си прашаат во банка.

sdsm-sediste098-639x320

Дали според Богов и НБРМ депозитите на граѓаните во банките се безбедни?

Дали според Богов и НБРМ стабилен е курсот на денарот?

Гувернерот Богов им ги должи овие одговори на граѓаните откако вчера ги испаничи дека имало повлекувања депозити од банките и зголемена побарувачка на девизи.

Темата е пресериозна за Богов да се крие зад банките и зад извештаи на НБРМ за лани и да се занимава со политиканство овозможувајки да завршуваат пари на граѓаните во нечии џебови.