30 000 луѓе чекаат на ред за “гол“ ресторан во Лондон

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Лондон отвора “гол” ресторан за време летото и веќе повеќе од 30 000 луѓе се запишале во лисјата на чекање за место во него.4790241

Тие ќе треба да се воздржат со долго чекање, бидејќи капацитетот на ресторанот е од 42 лица, пишува “Индипендент”. Идејата на ресторанот е да ги натера луѓето да се вратат назад кон природата, далеку од индустријализираните светски трендови и модни доби, демонстрирани во рестораните. Во локалот исто така нема да можете да користите мобилен телефон и дури ќе нема ни светилки.

Гостите ќе можат да уживаат во прекрасна кујна и да “доживеат една ноќ без сета непотребна – храна без хемикалии и бои, без струја, без телефони, па дури и без облека, ако посакаат”, велат сопствениците на локалот. Неговото име е “The Bunyadi”, а “бунуади” е Хинду термин за “природно”.

Ресторанот ќе има одделни секции за голи и облечени, како и соблекувална за првите. Не е јасно како ќе е сервирана храната. Ресторанот е измислен од компанијата “Lollipop”, позната со друг привремен бар во дизајнот на популарниот серијал “Breaking Bad”.

“Идејата е да доживеете вистинско ослободување”, кој го опишува концептот на голиот ресторан основачот на компанијата Себ Лијал. “Работевме напорно за дизајнот на просторот во кој секој објект со кој клиентите имаат контакт, е гол. Употребата на природен бамбус и свеќи ни овозможи да  го направиме ресторанот дискретен, а истовремено со тоа го зачувавме неговиот карактер “.