Ако преферирате да не се туркате со други туристи, одете на одмор во Бангладеш, бидејќи земјата е прогласена за најретко посетената држава.
Нациите од Јужна Азија привлекуваат најмалку туристи, покажува новото истражување објавено во британскиот весник “Телеграф”, повикувајќи се на податоци на Светската банка. Податоците се анализирани од Priceonomics кои го споредиле бројот на туристите со бројот на населението во секоја земја. Така се дошло до заклучок дека на база глава на жител, најмалку странски посетители има во Гвинеја, Молдавија, Индија и Сиера Леоне, кои го затвораат топ пет листингот со најретко посетувани страни.
Па ако сакате мир, можеби треба да ги избегнувате Франција, Велика Британија и Тајланд и да се насочите кон Индија. Од другата страна на студијата се најпосетуваните земји. Ако мислите дека тоа се европските дестинации, грешите. Излегува дека на основа на глава на жител најмногу туристи има во Андора. Таму на секој локален жител отпаѓаат 32 туристи. Следува Аруба со 10 посетители на секој локалец, Монако, Бахреин и Палау. Меѓу најпосетените дестинации се уште Хонгконг, Малта и Бахамите, Исланд, Малдивите и Австрија.