Хакери на ИД им се заканија на илјадници жители на Њујорк

од Vladimir Zorba
103 прегледи

 

Група хакери поврзани со Исламска држава на интернет објави листа со илјадници имиња на жители на Њујорк и ги повика своите следбеници да ги нападнат, изјави неименуван извор од американската служба за безбедност.хак

Тој посочи дека не верува оти станува збор за кредибилна закана, но федералните агенти и полицијата во Њујорк се во контакт со поединци од листата.

– Иако наша стандардна пракса е да не ги коментираме специфичните оперативни мерки и прашања поврзани за истрагата, ФБИ рутински ги информира поединците и организациите собрани во текот на истрагата, што може да се сфати како потенцијална закана, се наведува во соопштението на Федералното истражно биро.

На листата се имиња, куќни и интернет адреси на 3.600 луѓе од Њујорк.

Минатата година, група поврзана со ИД на интернет објави, како што тврдеше, имиња, адреси и фотографии на 100 припадници на американската војска и побара од своите приврзаници да ги убијат.

Од 2013 година до денес во САД се уапсени повеќе од 70 поединци поради обид да ја поддржат ИД.