Обама на крајот сепак бил шегобиец

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Обама на полседната  манифестација со завидно чувство за хумор4793496

На традиционалната вечера на здружението на новинари акредитирани во Белата куќа, претседателот на САД манифестира  неоочекуван иако за неформалн настан хумор. Тој  се пошегува со претендентите на Демократската и Републиканската партија за претседателската кандидатура. Тој го нарече поранешниот државен секретар и кандидат на Демократската партија Хилари Клинтон свој наследник на претседателската фотелја. “Следната година друг ќе седи тука, на ова исто место, може само да се погоди  која ќе биде таа”, рече Обама.

Претседателот не пропушти да насочи стрелите и кон противникот на Клинтон – фаворитот на републиканците Доналд Трамп, и тоа токму во правец на  критиките за неговото  отсуство на искуство во надворешната политика.  Обама гласно се изнасмеа и потсети дека Трамп го поседува натпреварот “Мис Универзум”, Обама истакна: “Се вели дека му недостасуваат искуство во надворешната политика, за да биде претседател. Фер е сепак да се каже дека со години тој се состанува  со водачите од целиот свет – Мис Шведска, Мис Аргентина, Мис Азербејџан и др. “.

Не беше ни понежен со  Сандерс. „ Берни  изгледаш како милион долари, или да бидам попрецизен како 37000 донации од по 27 долари, мислејќи на донациите кои на ситно влегуваат во неговата кампања.

Обама настапот го заврши  во стилот на големите поп ѕвезди , така што на кракот само рече Обама надвор (Obama ouт) и го пушти микрофонот на земја, што значи дека се е кажано нема што повеќе да додаде