(ВИДЕО) Подводен робот змија

од desk3
227 прегледи

Научници од Норвешкиот Универзитет за природни и технички науки во соработка со инженери на компанијата Kongsberg Maritime и Statoil имаат развиено робот кој плива како змија Eelume.

0800802001461953199_537372_600x458

Механичката змија Eelume е наменета за вршење на услуга и поправка на различни механизми на морското дно.

Се очекува флексибилен робот змија да помогне на норвешката нафтена компанија Statoil да ги намали оперативните трошоци и да ја зголеми продуктивноста.

Eelume ќе ги замени скапите автономни подводни помагала, бидејчи лесно се закачува таму каде грамада роботи не можат да стигнат.

Морската змија ќе биде способна да врши проверка на работоспособноста и рутинско одржување, како што се чистење и поставување на вентилите, како и на други механизми.

Роботите ќе работат деноноќно, според потребата.

Засега програмерите не ги откриваат техничките карактеристики на Eelume, но судејќи по компјутерските модели, робот змија ќе добие автономен извор на енергија и компактна сила за движење ..