Еве како го финансираат своето бегство

од desk3
135 прегледи

Ако некој се прашува како бегалците го финансираат своето бегство, еве еден од можните одговори: Авганистанците масовно го продаваат целиот имот за евтино. Пазарите и продавиците од втора рака се кинат по рабовите-пишува DW.

0,,19191627_303,00
Пазарите и продавици за стока од втора рака се радуваа за последен пат на таков процут во времето на граѓанската војна, која принуди илјадници семејства да го продадат својот имот и да избегаат во соседните земји. Денес има сличен процес: Авганистан повторно доживува масовен егзодус, а пазарите и продавиците од втора рака буквално се кинат по рабовите.
“Беа златни времиња”

Денес сепак Авганистанците се упатуваат не кон соседните земји, туку собираат пари за бегство во богатите европски држави. Кога границите во Европа беа сеуште отворени, бизнисот одеше одлично, вели еден од продавачите на пазар во Кабул: “Беа златни времиња. Имавме чувство дека цело авганистанско население ја напушти земјата. Многу луѓе ја распродоа целата покуќнина. Дојде дури дотаму што не можевме да ги откупи сите, бидејќи немавме толку многу магацини “, раскажува Абдул Рауф. Пазарите и продавниците се полни со теписи, телевизори, фрижидери, мебел – немите сведоци на еден напуштен живот. “Бегалците го земаат со себе само најнеопходното. Распродаваат се за евтино”, изјави Шафик, кој исто така заработува на пазар.

Еден ден во Турција: Тројца убиени, 53 повредени во терористички напади

 

Продавачи раскажуваат и за Авганистанци кои ја разпродале целата покуќнина, за да заминат за Европа, но се вратиле оттаму разочарани. “Доаѓаат со празни џебови и не можат да си го купат дури најевтиниот мебел”, вели продавачот Мансур и додава: “Прво ни продаваат убав мебел, а потоа се враќаат и ја купуваат од нас најевтина стока. Затоа луѓето треба добро да размислуваат пред да тргнат да бегаат “.

0,,19191662_401,00

Абдул Разак е на истото мислење: “Еден човек, кој неодамна се врати од Германија, ми раскажа дека пред бегството ја продал целата покуќнина. Сега може да си дозволи само стар мебел, бидејќи посредниците му ги зеле сите пари”, вели Абдул и ни покажува еден тросед, кој чини најмалку 400 долари. Човекот за кого ни раскажува го продал пред бегството за 40 долари.
Егзодусот на луѓето е поврзано, природно, и со одлив на капитал. А тоа покажува крајно негативно влијание врз економијата на земјата и куповната моќ на населението. Продавачи на половни стоки го потврдуваат: веќе тешко се наоѓаат луѓе кои ќе ја откупат стоката .

До Европа и назад

Само во 2015 година кон Европа се упатија околу 250 илјади Авганистанци. Повеќето од нив аплицираа за азил во Германија и во Шведска, но сеуште немаат потврден одговор. Поради сложената процедура за добивање на азил многу Авганистанци сакаат да се вратат во татковината. А оние кои сакаат да останат во Европа, но немаат шанса нивните апликации да бидат одобрени, се загрозени од екстрадиција. Германија веќе најави дека повеќето барања на авганистански граѓани нема да бидат одобрени.

Но Авганистанци има не само во Германија и во Шведска – откако беше затворен т.н.. балкански пат, илјадници мигранти од Авганистан се заглавија во Грција. Ако не поднесат таму молби за азил, договорот помеѓу Брисел и Анкара обезбедува сите овие луѓе да бидат однесени во Турција.