Клиентка го тужи Старбакс поради мразот во пијалаците

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Американка поднесе во судот тужба против најголемата во светот синџир кафулиња “Старбакс” поради големото количество мраз во студените пијалоци, соопшти Си Ен Ен.4796177

Според сака компанијата на тој начин ги разредува пијалоците и ги заблудува клиентите. Се наведува дека така на пример во голема порција ладно кафе, која е околу 700 мл се содржи само 400 мл кафе. Така клиентите добиваат речиси половина количество од она за што платиле.

Таа инсистира за компензација за недостатокот кафе, но не се прецизира сума.

Претставникот на “Старбакс” одговори дека мразот е главна состојка на пијалокот. Ако клиентот не е задоволен од начинот на кој ги подготвуваме пијалоците, тогаш тоа ние со радост би го промениле, вели претставникот на компанијата.