МКГ: Македонија на исто рамниште со земјите во постојан конфликт

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Меѓународната кризна група (МКГ) на својата најнова листа ја стави Македонија во групата на меѓу земји кои постојано се на раб на некаков конфликт и каде состојбата се влошува.

Македонија е во друштво со Авганистан, Бангладеш, Гамбија, Ирак, Нагорно-Карабах (Азербејџан), Република Конго и Сирија.

ICG

Главна причина за Македонија да се најде на оваа неславна листа е политичката криза која кулминираше со најавата за бојкот на изборите од страна на опозицијата и аболицијата од страна на претседателот Иванов. Во извештајот е наведена и смртта на Коста Крпач, кој беше најден дома со прострелна рана во градите.

– Политичката криза се влоши, што предизвика опсежни критики внатре во земјата, но и од меѓународната заедница, како и повеќедневни протести, додека опозицисиот Социјалдемократски сојуз на 6 април објави дека ќе ги бојкотира предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни поради тоа што не се спроведени реформи во медиумите и не е прочистен Избирачкиот список, како и поради одлуката на претседателот Иванов од 12 април за аболиција на политичари кои се соочуваат со кривична истрага, со што се поткопува работата на Специјалното јавно обвинителство кое се занимава со истрага на обвинувањата за нелегално прислушување.  Демонстрантите на 13 април ја демолираа канцеларијата на Претседателот.

 

Целиот извештај ТУКА