Остануваме во контакт со сите политички партии, изјави денеска во Штип амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, одговарајќи на новинарско прашање дали се подготвува нова лидерска средба-пренесе МЕТА .
– Очекуваме да ѝ помогнеме на Македонија во политичката криза, за што ќе ве информираме низ соопштение за следните чекори – изјави Бејли по посетата на Унверзитетот „Гоце Делчев“.
Како што пишува денеска DW на македноски јазик, седум препораки за обновување на дијалогот и преговорите сугерирани од еврокомесарот Јоханес Хан, амбасадорот на ЕУ Аиво Орав, пред велигденските празници им ги пренел на лидерите на четирите партии-потписнички на Договорот од Пржино. Партиите не соопштуваат кои се тие седум препораки, но според дипломатски извори, во основа станува збор за „реафирмирање на пораките што комесарот ги испратил непосредно по претседателската одлука за аболиција на политичари и нивни соработници, но и за некои други одлуки кои во меѓувреме ја отежнале ситуацијата“.
Аболицијата ги стопира постапките за „Пуч“, Заев најави жалба до Стразбур
Според тоа, извесно е дека официјален Брисел и натаму бара повлекување на одлуката за аболиција, обновување на дијалогот, пречистен Избирачки список, реформа на медиумите, а не е исклучено дека на списокот се и други препораки, како што е враќањето на надлежностите на министерот за внатрешни работи, односно поништување на одлуката со која тие се одземени.
Повеќе ТУКА