Граѓаните на Штип вечерва излегоа на собирот во организација на ГДОМ и испратија порака дека сакаат избори на 5-ти јуни.
Тие сметаат дека со тоа ќе се стави крај на политичката криза во која СДСМ ја втурна Македонија.
Од ГДОМ велат дека народот мора да го искористи демократското право да одлучува за својата иднина. Собири ГДОМ вечерва има во градовите Битола, Штип, Велес, Делчево, Гевгелија, Струмица, Куманово, Радовиш и во Тетово./извор Фактор