Македонскиот поп рок состав Бета Хаус пушти во етерот нова песна придружена со видео.
Станува збор за песната „Легендата“ која е целосно нивно авторско дело, а во продукција на Васко Павлевски.
Спотот, пак, очигледно ја следи шемата на претходниот и вклучува млади и атрактивни девојки, со поголема доза сексуалност од иронијата која видеото ја најавува. Спотот е режија на Горан Костадинов.