Избори на 5 јуни и однапред дефинирани рокови за избори не се прифатливи. Сепак, рокови за условите треба да има, и доколку не се исполнуваат, Европа треба да санкционира, смета поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере, а пренесува а1он.
– Европската унија треба да инсистира на повлекување на аболицијата. Има како, тоа е сигурно. Ако аболицијата не сака да ја повлече претседателот, Парламентот сигурно може, вели Фуере.
Тој прашува зошто ЕУ и САД не испратиле писмо до премиерот дека не се исполнети услови за фер и кредибилни избори, онака како што направиле на 22 февруари.
– Ако предметите на Специјалното јавно обвинителство не се процесираат, ако оние за кои се водат постапки поминат само со шлаканица, тогаш тоа ќе биде порака дека нивото на толеранција на ЕУ е толку големо што политичарите може да прават што сакаат, смета Фуере./ извор а1он
