(ГАЛЕРИЈА) На гости во домот на Бритни Спирс

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Поп ѕвездата Бритни Спирс ја објави во продажба своето калифорниската палата што божем ѝ станала тесна.e7455cd78d79d759e07aca4739160fd2

Пејачката живееше во оваа куќа, во регионот “Thousand Oaks”, од 2012-та, но според последните информации, таа одлучила да се раздели со него за сума од 9 милиони $ и да си побара поширок нов дом.

Бритни купи двокатни хациенда за сума од 6,7 милиони долари, а нејзиниот имот е во соседство со овој на тенис иконата Пит Сампрас.

Куќата на поп ѕвездата има пет спални, седум бањи, дневна со големина на сала, визба, гаража за пет автомобили и крило за гости.

Во големиот богат и убав двор на зградата има градина за билки и зеленчук, осветен тенискорт, гигантен базен со спа зона, мало голф игралиште и убава веранда.

Имотот обезбедува и поглед од 180 степени кон планината Санта Моника.

Видете слики на куќата во галеријата.