Македонија е на нозе, медиумските курири во паника

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Паниката што владее во ВМРО-ДПМНЕ се пренесува и кај медиумските курири, платени со пари на граѓаните. Хистерично шират лаги во страв од вистината.

13153388_10154118727274804_313809458_n

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија. СДСМ е столбот на слободна и демократска Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.13150047_10154118715904804_1049124104_n

Сите граѓани на Македонија заедно се носителите на промените за подобра и сигурна иднина.

Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест од секојдневните протести за враќање на правдата, слободата и демократијата. Се плашат од вистината дека Македонија се крена против Никола Груевски и криминалната банда.13140682_10154118660669804_1500868225_n

Уште еднаш се потврди дека во медимскиот мрак на Никола Груевски, платен со пари на граѓаните, нема место за вистината.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се трите главни провладини мегафони, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

На Македонија и се неопходни демократски промени коишто ќе се случат на слободни, фер и регуларни избори, со прочистен избирачки список, реформи во медиумите и одвојување на партијата од државата.